Top Sport

Далас без Дончиќ ја победија Филаделфија (Видео)

Далас Маверикс забележаа победа во дуелот со Филалдлефија 122:102. Гостите од Филалделфија играа без двајцата најдобри играчи Џоел Ембид и Џими Батлер.

Маверикс, исто како и претходниот и овој меч го одиграа без повредениот Лука Дончиќ и успеаја да победат. Далас сега се на 31 победа и 46 порази и се наоѓаат на претпоследното место на Западот.

Филаделфија се трети на Истокот со 49 победи и 28 порази.

Најдобри кај Маверикс беа Џастин Џексон со 24 поени и поранешниот центар на Реал, Салах Межри со 16 поени и 14 скока. Ветеранот Дирк Новицки заврши со седум поени и пет скока.

Филаделфија ја предводеа Џеј-Џеј Редик со 26 поени, односно Тобијас Херис со 25 поени, 6 скока и 3 асистенции.

Индивудуално, изминатат ноќ се исткаа Ал Хорфорд од Бостон и Кемба Вокер од Шарлот.

Бекот на Шарлот, Вокер, во поразот на неговиот тим од Јута Џез 111:102, постигна 47 поени, додека центарот на Бостон Хорфорд со трипл-дабл (19 поени, 11 скока, 10 асистенции) партиципираше во победата на Селтикс над Мајами Хит 110:105.

Резултати:

Индијана Пејсерс – Детроит Пистонс 111:102
Бостон Селтикс – Мајами Хит 110:105
Бруклин Нетс – Милвоки Бакс 121:131
Њујорк Никс – Чикаго Булс 113:105
Торонто Репторс – Орландо Меџик 121:109
Далас Маверикс – Филаделфија 122:102
Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејлблејзерс 122:132
Финикс Санс – Кливленд Кавалирс 122:113
Јута Џез – Шарлот Хорнетс 111:102

Scroll to Top