Top Sport

ИААФ: Останува суспензијата за руските атлетичари

Руските атлетичари и понатаму нема да учествуваат на меѓународните натпреварувања, соопштија од Светската атлетска федерација (ИААФ). Владеачкото тело на светската атлетика, во ноември 2015 година, ја суспендираше Русија, поради доказите за постоење на системски допинг.

Во најновото соопштение се наведува дека суспензијата ќе остане се додека сите мостри од поранешната анти-допинг агенција во Москва, не и бидат достапни на меѓународната заедница.

Се наведува и дека сите трошоци ќе треба да ги плати Русија.

Инаку, ИААФ десетти пат ја одбија жалбата на Русија, а образложението зошто е тоа така е исто како она во декември минатата година.

Претходно суспензијата на руските атлетичари ја отповикаа Меѓународниот олимписки комитет и Светската анти-допинг агенција.

Scroll to Top