Top Sport

Роналдо: Во Англија фудбалерите се поискрени, помалку те клоцаат

Кристијано Роналдо во својата кариера имаше шанса да игра во Португалија, Англија, Шпанија и Италија и оценува дека ривалите во Премиерлигата се поискрени од тие во другите лиги.

По враќањето во Мачестер јунајтед на 36 години, тој во интервју за „ДАЗН“ зборува за различниот стил на игра во лигите.

„Во Англија фудбалерите се поискрени, не те клоцаат толку. Се чувствувам добро во Премиерлигата, полека се навикнувам на играта. На почетокот бев нервозен, како да имав 18 или 19 години. Во вториот ден со фудбалерите на Јунајтед им кажав дека сум горд што сум тука и што гледам огромен потенцијал во генерацијата. Морам да се адаптирам, но мојот менталитет и филозофија се исти како секогаш. Сега ја чувам енергијата за вистинските моменти, кога можам да го убијам мечот. Имам иста глад за титули и победи како секогаш“, вели Роналдо.

Scroll to Top