Top Sport

Роналдо во солзи го напушти теренот

Уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал остана без шанса да се бори за светската титула. По Нејмар, истото му се случи и на Кристијано Роналдо. Португалија, во саботата, доживеа шокантна елиминација од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Мароканците славеа со голот на Ен Несири во 42.минута и влегоа во историјата како прва африканска селекција, која успеала да се пласира во полуфиналето на еден Мундијал.

Кристијано Роналдо, репрезентативецот на Португалија, најверојатно го одигра последниот натпревар за националниот тим. Против Мароко започна од клупата за резерви, на теренот влезе во 51.минута. Не успеа да направи ништо значајно до крајот на натпреварот.

Елиминацијата тешко му падна на Роналдо, кој повторно не успеа да дојде до единствениот трофеј кој му недостига во кариерата.

Роналдо прв замина од теренот, со солзи во очите мина низ тунелот и замина во соблекувалната.

Scroll to Top