Пред последната недела од преодниот рок, иднината на Кристијано Роналдо уште е неизвесна по засега неуспешниот обид да си замине од Манчестер јунајтед, но во последните денови неговиот главен проблем станува голферски клуб во неговата татковина, Португалија.
Според „Сан“, Роналдо е во преговори со голферскиот клуб „Оитавос“, откако купил земјиште во близината на Лисабон, понудувајќи се да го пресели клубот бидејќи му пречело колку блиску е клубот до неговото земјиште, односно инфраструктурата му пречела во погледот кон португалската метропола.
Според британските извори, адвокатите на Роналдо преговараат со газдата на клубот, Мигуел Шампалимо за да се најде решение.
Ronaldo wants to buy and demolish golf club ruining view from £17m mansion https://t.co/8wdZPcmhfl
— Scottish Sun Sport (@scotsunsport) August 25, 2022