Top Sport

Роналдо го правда Сари: Фокусиран сум на опоравувањето! (фото)

Фудбалерот на торински Јувентус, Кристијано Роналдо се огласи на Инстаграм откако тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари не го стави во списокот за патници за Бергамо, за денешниот дуел против Аталанта во рамки на 13 коло во Серија А.

Сари потегот го објасни со недоволната физичка подготвеност на Португалецот, а со тоа само ги подгреа шпекулациите за кавгата со Роналдо.

Во два меча во низа, Сари го менуваше Роналдо уште пред завршетокот на мечот, на што асот бурно реагираше.
Сепак пораката што синоќа ја упати Роналдо ги оправдува тврдењата на тренерот.

„Фокусиран сум на опоравувањето за да се вратам што побрзо“ – порача Роналдо,

Scroll to Top