Top Sport

„Росонерите“ пак потфрлија – нова нула против Торино

Во борбата за титулата во италијанската Серија А оваа сезона постојано се нижат киксови. Откако денеска, Наполи загуби дома со 2:3 од Фиорентина, пропуштајќи да се искачи на првото место, вечерва во Торино, Милан втор натпревар едноподруго не успеа да го скрши противникот, одигрувајќи само 0:0 со „Граната“.

Не само што не успеаја да се мотивираат за победа, туку тимот на Стефано Пиоли имаше среќа што Андреа Белоти двапати беше непрецизен бидејќи можеа да си заминат дома и без еден поен.

Овој резултат доаѓа по неубедливите 0:0 против Болоња на домашен терен, и ги остава Милан како лидери во Серија А со 68 поени, само два пред Интер, кои имаат натпревар помалку, кој ако го победат ќе бидат лидери. Наполи и покрај киксот остануваат блиску со ист број на поени како Интер, а сега Јувентус е доволно блиску да може да сонува за луда завршница на сезоната – тие се четврти со 62 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top