Францускиот тренер Руди Гарсија кој минатата година го замина од Лион се сели во Саудиска Арабија. Тој е нов тренер на Ал Наср каде го замени Мигел Анхел Рус.
Ал Наср беше трет во првенството на Саудиска Арабија и со францускиот стручњак на клупата сака да ја нападне титулата.
Гарсија во својата кариера ги водеше Сент Етјен, Дижон, Лил, Рома, Марсеј и Лион. Најголем белег остави во Лил, каде ја освои двојната круна во 2011 година.