Top Sport

Рудигер го одбрал Јувентус и ќе се врати во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Јувентус успеал да го победи Реал Мадрид во трката за дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, тврди „Газета дело спорт“. Тој на лето би требало да пристигне во Торино откако ги договорил сите услови со италијанскиот клуб. Германецот ќе го напушти Челси на крајот на сезоната и ќе прејде во Јувентус како слободен играч.

„Старата дама“ на Рудигер му понудила четиригодишен договор и можност да се врати на Апенините. Рудигер долго време преговараше со Челси, кој, сепак, не се согласи да му даде плата од 12 милиони евра годишно и пред Роман Абрамович и клубот да добијат санкции.

Рудигер беше желба и на Реал Мадрид, но дефанзивецот сепак се одлучил за Јувентус. Германскиот репрезентативец дојде во Челси во 2017 година од редовите на Рома за 35 милиони евра, а кариерата ја започна во Штутгарт.

Scroll to Top