Португалскиот репрезентативен голман, Руи Патрисио, кариерата че ја продолжи во англиската Премиер лига. Патрисио потпишал четири годишен договор со Вулверхемптон.
Португалецот во Премиер лигата доаѓа од Спортинг Лисабон. Во овој клуб голманот е од 12-годишна возраст, а во 2006 година дебитирал за првиот тим.
За Спортинг одиграл 460 натпревари, а на 179 од нив успеал да остане не совладан.
Руи Патрисио (30) пред две години со Португалија ја освои европската титула.