Баерн Минхен дефинитивно обезбеди ново летно засилување кое без обештетување пристигнува во Баварија. Легендата на германскиот гигант Карл-Хајнц Румениге го потврди доаѓањето на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро.
Договорот на португалскиот репрезентативец истекува ова лето и тој е слободен да избере нова средина, а следната недела треба да ја потврди тригодишната соработка со Баерн Минхен.
Гереиро на тој начин уште еднаш ќе соработува со Томас Тухел, со кого дебитираше во 2016 година во дресот на „милионерите“.
Минатата сезона Гереиро постигна шест гола и забележа 14 асистенции на 36 натпревари во сите натпреварувања.
За него се интересираше и Челси, но Португалецот, сепак, ќе остане во Германија.