Вејн Руни е отворен за можноста да се врати во МЛС лигата во својот стар клуб Ди Си јунајтед, кои уште бараат постојана замена за тренерот Ернан Лосада, кој доби отказ во април, но за тоа да се случи треба да го убеди своето семејство, првично неговата сопруга Колин, тврди „ЕСПН“.
Руни помина 14 месеци како фудбалер на клубот од американската престолнина од 2018 до 2019 година, по што се врати во Англија бидејќи, според тогашните шпекулации не им одговарал животот во САД.
Легендата на Манчестер јунајтед потоа беше фудбалер и менаџер на Дерби каунти, клубот кој испадна во третата англиска лига по финансиските проблеми минатата сезона и неодамна си поднесе оставка. Според „ЕСПН“, 36-годишниот Руни во моментов ужива во паузат со своето семејство пред да се одлучи на следниот потег во кариерата, но би можел да биде убеден да се врати во Ди Си јунајте, претпоследниот клуб во Источната конференција на МЛС.