Вејн Руни би можело на голема врата да се врати на „Гудисон парк“. Легендата на Манчестер Јунајтед е кандидат за клупата на премиерлигашот Евертон како наследник на Рафаел Бенитез, доколку „карамелите“ му врачат отказ за Шпанецот.
Руни, кој во два наврати играше за Евертон, на почетокот и на крајот на кариерата, би можело да ја прекине ноќната мора во Дерби Каунти, кој е во големи проблеми.
И Евертон има проблеми, имаат само еден триумф во последните 10 натпревари.
Сопственикот на клубот од Ливерпул – Фархад Мишири сака Бенитез да остане во клубот, но револтот на навивачите е се поголем и дел од медиумите тврдат дека Руни е веќе контактиран.
Тој беше кандидат и за клупата на Њукасл Јунајтед, но фудбалскиот колектив од северот на Англија го избра Еди Хау за свој предводник.
Руни во 2004 година како тинејџер од Евертон прејде во Јунајтед и со 253 гола стана легенда на „црвените ѓаволи“.