Top Sport

Надал се враќа на терен по пауза од 4 месеци

Сопственикот на 20 грен слем титули – Рафаел Надал се враќа на теренот по пауза од 4 месеци поради повреда на стапалото, заработена на турнир во Вашингтон.

Првата проверка шпанскиот ас ќе ја има на егзибицискиот турнир„ Mubadala World tennis championship“ кој традиционално од 16 до 18 декември ќе се одржи во Абу Даби. Иако мечевите не се водат како официјални, Надал ќе има можност да види во која мерка е подготвен и колку може да се носи со сериозни ривали.

Шпанецот во ОАЕ стигна од Кувајт каде одработи дел од подготовките. Во првото коло е слободен, а во второто ќе го чека подобриот од дуелот Енди Мареј – Даниел Еванс.

На споменатиот турнир Надал бил победник петпати, а Мареј двапати. Освен нив, Ѓоковиќ четирипати бил шампион во Абу Даби, додека еднаш триумфирал Кевин Андерсон.

„За Рафа – Енди Мареј би бил идеален ривал. Одлично се познаваат. Британецот има сјајна офанзивна и дефанзивна игра. Би било тоа врвен тест за Надал“ вели Алекс Коречја, некогаш второпласиран тенисер на АТП листата.

На другата страна на турнирот Рубљов го чека подобриот од дуелот Шаповалов – Фриц.

Надал секако би имал минимум два натпревари затоа што на турнирот има и меч за трето место.
Планот на Шпанецот е првиот официјален турнир да го одигра на 4. јануари, АТП турнирот во Мелбурн од серијата 250.

Scroll to Top