Top Sport

Руни пред дербито открива: Не ми беше пријатно кога го победивме Арсенал со 8:2

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни признава дека не уживал во неверојатната 8:2 победа над Арсенал на „Олдд Трафорд“ во август 2011, бидејќи потсмевањето на публиката со Арсен Венгер го направила да се чувствува „непријатно“.

Тоа беше најлош пораз на „топчиите“ од 1927 година, во меч во кој Руни постигна хет-трик, и иако нгличанецот признава дека уживал во борбите со Арсенал, тој меч го нема во најдобро сеќавање.

„Веќе во 2009 тоа дерби веќе не беше исто. Прво Челси, а потоа и Манчестер сити станаа наши најблиски ривали, а Арсенал не беше тој од минатото, не бидејќи немаа квалитет, туку бидејќ немаа ист карактер како претходно. Тоа се виде во тој меч со 8:2. Имав хет-трик, но не гледам со среќа кон тој меч. Го сакам Арсен Венгер и имам огромна почит кон него, и да се види како публиката се потсмева со него не беше нешто во што уживав. Дури и голот на Нани, кога го лобуваше Војчех Шчесни изгледаше како недостаток на респект“, пишува Руни во колумната за „Сандеј тајмс“.

Иронично, Јунајтед таа сезона ја загубија титулата од Манчестер сити по драматичниот гол на Серхио Агуеро во последното коло, а Арсенал беа далеку на третото место.

Scroll to Top