Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, предложи репрезентативецот на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе да размисли за преселба во англискиот клуб од „Олд Трафорд“.
„ПСЖ повеќе не му одговара на Килијан Мбапе. Тој освои сѐ во Лига 1. Мислам дека Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид би биле идеален клуб за него доколку сака да го достигне нивото на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси“, изјави Руни за англиските медиуми.
Актуелниот договор на 23-годишниот фудбалер со ПСЖ е до летото 2025 година.
Францускиот репрезентативец летото беше блиску до трансфер во Реал Мадрид, но во последен момент реши да го продолжи договорот со парижаните.
Мбапе одигра 14 натпревари оваа сезона во француската Лига 1, постигнувајќи 12 гола и две асистенции. На синоќешното Светско првенство 2022 година во Катар, тој постигна хет-трик во финалето, но Франција загуби од Аргентина со 2-4 на пенали (2-2 по регуларното време и 3-3 по продолженијата).
Мбапе стана најдобар стрелец на Светското првенство со осум гола.