Вејн Руни имаше меч за сеќавање на „Ауди филд“ во Денвер, откако го постигна првиот гол во американската МЛС лига при 2:1 победата на Ди си јунајтед над Колорадо рапидс, но си замина и со скршен нос и исеченица над левото око.
Руни, со капитенската лента, покажа дека е подготвен зза играње фудбал, откако успеа да го постигне својот првенец во лигата, протнувајќи ја топката низ нозете на неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, голманот Тим Хауард. Јунајтед потоа примија гол во 82. минута, пред да ја осигураат победата со авто-гол во 90. минута.
Во судиското продолжение пак, Руни доби удар во главата од дефанзивецот на Колорадо, Аксел Сјоберг, по што веднаш доби конци над окото и сега е неизвесен за мечот од следното коло во МЛС лигата.