Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни вели дека „ѓаволите“ под Ерик Тен Хаг треба да земат инспирација од Жозе Мурињо и со 4-4-2 постава да е спротистават на доминантните Манчестер сити во финалето на ФА купот.
На 3 јуни на „Вембли“, Манчестер сити може да ја комплетира двојната титула во Англија, и многумина сметаат дека се огромни фаворити, но Руни, кој работи како тренер на Ди Си јунајтед во МЛС лигата, вели дека со мала промена на тактиката, „ѓаволите“ имаат шанси.
„Јас би ги поставил Јунајтед во 4-4-2, со Марсијал и Рашфорд напред и солиден среден ред зад нив – Касемиро во средината со Кристијан Ериксен, или дури Скот Мектоминеј и Бруно Фернандеш и Фред на крилата. Би сакал да го држам растојанието пред осумте кои ќе бранат мало. Сите во фудбалот знаат кога имаш добар блок од осум играчи, играш дисциплинирано и цврсто, тешко е да те победат. Јунајтед нема многу успеси против Сити играјќи на контранапад во последните сезони“, пишува Руни во својата колумна за „Тајмс“.
Покрај промената на формацијата, Руни е инспириран од Мурињо, посебно кога беше прв човек на Челси.
„Тој ги поставуваше Џо Кол, Арјен Робен и Дамиен Даф да преземат ‘пола’ позиции во кои не одеа до крај да бранат кога Челси ја немаа топката, туку наместо тоа малку мамеа и чекаа повисоко на тееренот во области од кои можат да нападнат со контранапад кога ќе ја вратат топката“, вели Руни.