Top Sport

„Рурското“ дерби е за Борусија, голчиште на Халанд со „ножички“

Шалке 04 продолжува да тоне кон Цвајта откако вечерва го загуби и „рурското“ дерби. Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен славеше со убедливи 4-0.

Во првото полувреме Борусија водеше со 2-0, најпрво Санчо, а потоа и Халанд со ремек дело (ножички по асистенција на Санчо) донесоа убава предност за „милионерите“.

Во вториот дел Дортмунд ја продолжи доминацијата.

Гереро во 60 минута стрелаше прецизно за 0-3, а точка на мечот стави повторно Халанд со голот во 79 минута.

Со овој триумф тимот од Дортмунд ги задржа шансите за влез во ЛШ за идната сезона (на -6 е од четвртиот Ајнтрахт Франфурт), а Шалке речиси сигурно следната сезона ќе ја игра во понизок ранг.

Scroll to Top