Top Sport

„Карамелите“ го освоија „Енфилд“ – првпат по 1999 година

По пауза од цели 23 меча или по пауза од 1999 година екипата на Евертон слави триумф на стадионот на лутиот градски ривал Ливерпул, на „Енфилд“.

„Карамелите“ предводени од Карло Анчелоти славеа со 2-0 и му го нанесоа на актуелниот англиски шампион четвртиот пораз во низа во Премиерлигата.

Да биде маката за Јирген Клоп уште поголема, на овој меч се повреди и капитенот на тимот, Џордан Хендерсон.
А Евертон водеше речиси цел меч.

Уште во третата минута, Ришарлисон погоди покрај немоќниот Бекер откако „како на тацна“ беше проигран од Хамес Родригес.

Во првиот дел по примениот гол Ливерпул се врати во живот, топката најчесто беше на противничката половина. Трент-Александер се закани неколкупати, а посебно добар беше ударот на Хендерсон во 20 минута што голманот Пикфорд со крајни напори успеа да го исфрли во корнер.

Во 30 минута Хендерсон поради повреда мораше да го напушти теренот, на негово место влезе младиот Филипс.
На стартот на вториот дел Ришарлисон повторно ја затресе мрежата на Бекер, но овој погодок беше поништен поради офсајд позиција.

Салах во 70 минута се закани, но Пикфорд денеска беше на висината на задачата.

Крај на сите маки на „црвените“ од „Енфилд“ стави Гилфи Сигурдсон од пенал, во 83 минута. Тој беше егзекурот на најстрогата казна откако Трент-Александер стартуваше неправилно во својот шеснаесетник.

Со овој пораз, четврти по ред за „црвените“ шампионот е многу далеку од одбраната на титулата. Во моментов заостанува цели 16 бода зад лидерот Манчестер Сити.

Евертон, пак, сега се израмни со бројот на бодови со Ливерпул, двата тима имаат по 40.

Scroll to Top