Top Sport

Русите го имаат Акинфеев! „Зборнаја“ на пенали ја „уништи“ Шпанија

Русија е во четврт-финалето на домашниот Мундијал, откако прво во пеколни 120 минути успеаја да ја издржат целосната доминација на Шпанија за 1:1 реми, за потоа на пенали со 4:2 да ги исфрлат светските шампиони од 2010 година.

Русите беа во подредена улога во регуларните 90 минити и во двете продолженија по 15 минути, за потоа да се потпрат на капитенот Игор Акинфеев кој успеа да ги одбрани пеналите на Коке и на Јаго Аспас за мизерија на „Лос рохос“ пред кралот Фелипе Шести, кој беше на трибините на „Лужники“.

Русија сега ќе игра со подобриот од дуелот Хрватска-Данска, и уште повеќе го „отвараат“ овој дел од жрепката, каде што се и Англија-Колумбија и Швајцарија-Шведска.

Шпанија имаше над 1.000 додавања во 120-те минути, но оваа доминација не ја покажаа во бројот на голови, откако прво поведоа со смешниот автогол на Игнашевич, за Русите да израмнат од пенал преку Ѕјуба.

На пенали, апсолутно „царуваше“ Акинфеев бранејќи ги ударите на Коке и Јаго Аспас (вториот супер-атрактивно со својата нога), додека Де Хеа на другата страна иако беше блиску во неколку обиди, не успеа да ги сопре Русите.

Извештајот за регуларните 90 минути го имате на линкот подолу.

ПЕНАЛ СЕРИЈА:

ШПАНИЈА 2 – РУСИЈА 4

Иниеста О, Смолов О, Пике О, Игнашевич О, Коке Х, Головин О, Рамос О, Черишев О, Јаго Х

Шпанија и Русија ќе ги играат првите продолженија на СП (видео)

 

Scroll to Top