Top Sport

Русите остануваат суспендирани од УЕФА, не им помогна ниту Арбитражниот суд за спорт во Лозана

Останува на сила забраната за руските фудбалски тимови и репрезентации да учествуваат на натпреварувањата под покровителство на УЕФА, одлучи Арбитражниот суд во Лозана. Санкцијата останува непроменета, но арбитражната постапка продолжува. Страните не се договорија за брза постапка за правна заштита.

На 28 февруари, ФИФА и УЕФА им забранија на руските клубови и репрезентации да учествуваат на меѓународни натпревари поради влошената безбедносна ситуација околу Русија и Украина. На 7 март, Фудбалската федерација на Русија поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана.

Забраната од ФИФА е делумно слична, но е со посебна жалба од Фудбалската федерација на Русија  која може да биде разгледана од ЦАС до крајот на оваа седмица.

Русија требаше да игра против Полска во плеј-офор за пласман на Светското првенство на 24 март, но натпреварот нема да се одржи. Минатата недела ФИФА одлучи Полска директно да се квалификува во следната рунда од мундијалскиот плеј-оф.

Scroll to Top