Top Sport

Русите во Москва пречекани како шампиони

Фудбалерите на Русија синоќа, во пенал рулетот, беа поразени од Хрватска во четврт-финалето на Светското првенство, а денес во Москва беа пречекани како херои на нацијата.

foto: epa

Руските репрезентативци, во неделата, пристигнаа во својот тренинг камп, каде беа пречекани од илјадници навивачи.

Фудбалерите беа пречекани како да ја освоиле светската титула.

foto: epa

Пласманот во четврт-финалето на Светското првенство е најдобриот резултат на што Русија го остварила како самостојна држава, по оној во 2008 година кога националниот тим играше во полу-финалето на Европското првенство.

Scroll to Top