Top Sport

ФИФА го предупреди Вида, Хрватот мина без казна

ФИФА нема да го казни, туку само го предупреди хрватскиот репрезентативец Домагој Вида, за пораката со која и испрати поддршка на Украина, по победата на Хрватска над Русија, во четврт-финалето на Светското првенство.

Светската фудбалска федерација покрена истрага против Вида, по снимката што се појави на социјалните мрежи, по завршувањето на натпреварот против Русија. На снимката, Вида извикал „Слава за Украина“, а неговиот поранеше соиграч, а сега скаут во репрезентацијата Огње Вукојевиќ рекол дека победата е за „Динамо и Украина“.

„Дисциплинската комисија на ФИФА официјално му испрати предупредување на Вида поради неговата изјава по завршувањето на натпреварот помеѓу Хрватска и Русија“, се наведува во соопштението.

Откако стана предмет на истрага на ФИФА, Вида, рекол дека не мислел ништо сериозно туку дека „само се шегувал“ и дека не сакал да ја меша политиката во спортот.

ФИФА покрена истрага против Домагој Вида

Scroll to Top