Top Sport

Рускиот милијардер најави продажба на Монако

Рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев ќе ја испита можноста за делумна или целосна продажба на Монако, пишува францускиот весник „Les Ecos“. На почетокот немал такви намери, но банкарските проблеми и неможноста брзо да плати одредени долгови го натерале бизнисменот да размисли за оваа опција, додава најстариот француски дневен весник.

За евентуална зделка ќе се обрати до американската инвестициска банка „Реин“, која беше вмешана во бизнис зделките на Челзи и Манчестер јунајтед.

„Откако побара да плати одредени долгови, мнозинскиот акционер на Монако реши да ја започне процедурата, со цел да се истражат стратешките алтернативи за излез од клубот. Тој се обрати до „Реин груп“, која ќе помогне како финансиски советник во ова прашање“, пишува весникот.

Милијардерот стана сопственик на 66 отсто од Монако во 2011 година, кога клубот испадна од Лига 1 и тој стана мнозински акционер. За време на неговото владеење, Монако ја освои титулата во сезоната 2017/18.

Scroll to Top