Top Sport

Сабаленка ја победи Крејчикова на АО

Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако ја совлада Чехинката Барбора Крејчикова со 6:2, 6:4.

Американката Коко Гоф ја чека во следната рунда.

Сабаленка го продолжи походот кон одбрана на трофејот освоен пред една година.
Белорусинката и оваа година доминира во Австралија, каде се уште нема изгубено сет.

Против Крејчикова и во двата сета стигна до рани брејкови и ги насочи во посакуваниот правец, без преголеми борби и закана од ривалката.

По 4:1 во првиот сет, таа рутински го приведе тој дел од играта до крај, а идентична предност оствари во вториот дел од мечот, дозволувајќи и на противничката да се „врати“ на 4:3.

Сепак, Крејчикова не беше ни блиску до пресврт, следеа два авторитативно добиени гемови на Сабаленка за нов повеќе од сигурен триумф.

Натпреварот траеше 75 минути.

Scroll to Top