Поранешниот спортски директор на Рома и Интер, Валтер Сабатини, во интервју за „Кориере дело Спорт“, жестоко ги критикувал Душан Влаховиќ и Џиџи Донарума.
Влаховиќ, во зимскиот преоден рок за речиси 82.000.000 евра од Фиорентина се пресели во Јувентус, додека Донамура минатото лето без оштета од Милан замина во ПСЖ.
„Трансферот на Влаховиќ? Нема тука никаков потег за пофалба, во суштина тоа е недозволиво. Не покажа благодарност кон клубот кој верувал во него. Истото важи и за Донарума и Милан. Во тие клубови добија шанса, таму започнаа да играат. Толку за човечките квалитети“, рекол Сабатини.
66-годишникот кој сега раководи со спортскиот сектор во Салернитата, „удрил“ и по тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
„Тој е успешен глумец. Јас од него сакам да видам вистински фудбал. Сега тој ќе ми реплицира дека освоил се во фудбалот и дека јас сум тој што не освоил ништо. Тој е добар за одредени тимови, за одреден концепт и стил. Јас ги ги гледам резултатите. По секој пораз ги фрла играчите во огин. Ова е преодна година, а работата во Рома е посебна реалност. По воведната сезона тој ќе се обиде да ги поправи работите, но тоа сигурно нема да го направи со играчи од типот на Серж Оливеира“.