Top Sport

Усик се врати во Украина, Ломаченко „избега“ во Грција

Светскиот шампион во тешка категорија, Украинецот Олександер Усик ги отфрли обвинувањата дека „избегал“ во Лондон, каде што присуствуваше за преговори за римечот со Ентони Џошуа, велејќи дека се вратил во Украина, но трикратниот светски шампион Василиј Ломаченко „избегал“ од Украина во Грција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј им забрани на мажите од 18 до 60 години да ја напуштаат земјата и Усик вели дека обвинувањата дека избегал не се точни.

„Бев на работа, но сега се вратив. Пријатели, мора да се обединиме бидејќи ова е тешко време за сите нас и сите сме загрижени за нашата земја и нашите луѓе“, вели Усик на Инстаграм.

Ломаченко, пак, изјави дека не можел да остане во државата бидејќи сака да се фокусира на боксот.

„Ситуацијата во Украина ескалираше последните денови и морам да се фокусирам на следниот меч. Моето семејство е таму каде што се случува тоа, но ќе имам мои луѓе таму и семејството ќе биде безбедно“, изјавил Ломаченко.

Scroll to Top