Top Sport

САД во финалето на Голд купот (Видео)

Фудбалската репрезентација на САД со пласманот во финалето на Голд купот го прослави 4 јули, Денот на независноста. Во Нешвил, Американците ја победија Јамајка со 3:1.

Американците првиот гол го постигнаа по само девет минути игра кога Вестон Мекени го совлада голманот на Јамајка.

Шест минути подоцна мечот беше прекинат поради невремето што го погоди Нешвил. Прекинот траеше повеќе од еден час.
САД во 52 минути постигнаа уште еден гол, преку новиот играч на Челси, Кристијан Пулишиќ. Трошка надеж на Јамајка и донесе играчот на Домжале од Словенија, Шамар Николсон. Тој намали на 1:32 во 69 минута.

Четири минути пред крајот на мечот Пулишиќ со својот втор гол ги постави конечните 1:3.

САД за титулата ќе се борат со Мексико. Финалето ќе се игра на 8 јули.

Scroll to Top