Top Sport

Садио Мане пред трансфер во Ал-Наср

Садио Мане не е во плановите на Баерн Минхен за претстојната сезона, пишуваат германските медиуми. Баварците ќе се обидат да се ослободат од својот најскап играч кој има плата од 22 милиони евра годишно.

Саудискиот клуб Ал-Наср веќе започнал разговори за можен трансфер на Садио Мане. Клубот за кој прв потпиша Кристијано Роналдо, а ова лето се придружија и Н’Голо Канте и Марсело Брозовиќ му понуди на Мане годишна плата од 25 милиони евра.

Мане нема проблем да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија и прашање е на ден кога трансферот ќе биде комплетно договорен.

Scroll to Top