Ѕвездата на Ливерпул и на сенегалската репрезентација, Садио Мане првпат во кариерата ја доби наградата за најдобар африкански фудбалер, победувајќи го соиграчот Мохамед Салах и Ријад Марез од Манчестер сити, додека фудбалерката на Барселона и на нигеријската репрезентација, Асисат Ошоала е најдобра фудбалерка од Африка.
Сенегалецот ја доби наградата од четирикратниот освојувач на оваа награда, Самуел Ето на церемонија во Хургада, Египет. Мане последните две години завршуваше на второто место зад Салах, а сега е вториот Сенегалец со овој трофеј по уште еден фудбалер на Ливерпул, Ел Хаџи-Диуф во 2001 и 2002 година.
„Да бидам искрен, повеќе сакам да играм фудбал отколку да зборувам пред многу луѓе. Но, среќен и горд сум што добивам ваква награда. Сакам да се заблагодарам на семејството за овој голем ден и на сите Сенегалци кои гласаа за мене. Јас доаѓам од многу мало село кое се вика Бамбали, но сигурен сум дека денеска сите го гледаат ова“, изјави Мане.
Алжир ја доби наградата за тим на годината по освојувањето на Африканскиот куп на нации, додека Џамел Белмади е најдобар тренер.
It's official! ?
The African Player of the Year for 2⃣0⃣1⃣9⃣ is #SadioMane
What an achievement for the Senegalese winger! ?? #CAFAwards2019 pic.twitter.com/BwFBBxFBR1
— #CAFAwards2019 (@CAF_Online) January 7, 2020