Top Sport

Садио Мане со деби гол во Бундеслигата, Баерн води со 0:5 на полувреме кај Ајнтрахт

На Садио Мане му беа потребни помалку од половина час за да го постигне својот бундеслигашки гол, откако во 28. минута го постигна третиот гол за Баерн Минхен, кои по првите 45 минути од гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт на отварањето на сезоната имаат фантастична предност од 0:5.

Џошуа Кимих и Бенжамин Павар донесоа 0:2 водство за тимот на Јулијан Нагелсман по само 11 минути игра, пред Мане по убавата асистенција на Серж Гнабри да зголеми на 0:3. До крајот на полувремето, Џамал Мусијала во 35. минута даде гол за 0:4, пред Гнабри да се запише во листата на стрелците во 43. минута.

Scroll to Top