Top Sport

Ла лига не дозволува Барса да ги регистрира новите засилувања!

И покрај фалењето на претседателот на клубот, Жоан Лапорта дека во клубот влегле над 800 милиони евра во последните два месеци, шпанската Ла лига нема да дозволи на Барселон да ги регистрира новите засилувања пред стартот на сезоната додека не ја „средат“ финансиската ситуација, тврдат повеќе шпански и интернационални извори.

dobivaj vesti na viber

Блауграна ја стартуват сезоната против Рајо Валјекано на „Ноу Камп“ на 13 август, а претходно во недела ќе го презентираат својот тим на Трофејот Жоан Гампер против мексиканскиот УНАМ.

Во петокот, Барселона го презентираше Роберт Левандовски пред 60.000 гледачи, но полската ѕвезда заедно со новите засилувања, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен нема да може да биде регистриран за новата сезона, заедно со Усман Дембеле и Серхи Роберто, кои ги обновија договорите со каталонскиот клуб.

Според каталонскиот „Спорт“, лигата веќе ја информирала Барселона за одлуката, со барање за намалување на сумата која се дава на плати на фудбалерите, што ги става под притисок да продадат дел од играчите, како Френки де Јонг, кој досега ги одбиваше понудите од Челси и Манчестер јунајтед.

Лапорта триумфален: За два месеци внесовме 868 милиони евра во Барселона

Scroll to Top