Top Sport

Балак со емотивна порака на годишнината од смртта на неговиот син

Германската фудбалска легенда, Михаел Балак преку социјалните мрежи прати емотивна порака до неговиот син Емилио, една година откако тој го загуби животот на 18 години при мотоциклистичка несреќа во Португалија.

Емилио бил на семеен годишен домор во Троја, во близината на Лисабон, кога неговиот квад-мотоцикл се преврте минатиот август. 45-годишниот Балак со фотографија и со кратка поема се потсети на трагедијата.

„Мој сакан ангелу, се сеќавам на твојата насмевка, среќа и радост. Се сеќавам на твоето светло! Со многу љубов и многу емоции ќе се молам денеска за тебе и за твојата душа да почива во мир. Ќе се молам и за твоите браќа со целосна љубов. Те држам блиск до срцето“, напиша Балак.

Емилио, кој беше роден во 2002 е средниот син на Балак, тој има уште два сина – Луис (2001) и Жорди (2005).

Scroll to Top