Садио Мане полека се вклопува во тимот на Баерн Минхен, беше стрелец на Суперкупот против Лајпциг и веќе го освои првиот трофеј со новиот клуб. Но, раководните луѓе на баварскиот гигант гледаат да му угодат на секој начин за тој да се чувствува пријатно на „Алијанц арена“.
Така, на барање на Мане, тие го доведоа во клубот и неговиот најдобар пријател, Десире Сегбе.
Сегбе, кој е репрезентативец на Бенин, потпиша двегодишен договор и ќе настапува за резервниот тим на Баерн. Пред да дојде во Германија, Сегбе играше во пониските лиги во Романија и во Франција.
Désiré Segbé, Sadio Mané’s best friend, has signed a 2-year contract for FC Bayern and will play for the second team. Segbé (29) is a striker and plays for Benin’s national team ?? pic.twitter.com/FsRj5qrABN
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 31, 2022