Бразилецот Фелипе Кутињо ќе се пресели од Ливерпул во Барселона за сума од 160 милиони евра, пренесе агенцијата АП. Истиот извор наведува дека Кутињо веќе отпатувал за Шпанија и дека Барселона в недела официјално ќе го објави трансферот.
Лицето кое на американската агенција и открила дека договорот помеѓу двата клуба е постигнат инсистирало да остане анонимно, бидејќи немало авторизација да говори за трансферот.
Деталите за договорот прв ги објави весникот „Тајмс оф Лондон“ (The Times of London).
Барселона за трансферот ќе издвои 160 милиони евра, од кои 120 милиони евра се фиксни, а останатите 40 милиони ќе одат низ разни бонуси.
Ливерпул во август минатата година, за време на летниот преоден рок, одби три понуди од Барселона за Кутињо, кој со овој трансфер ќе стане еден од тројцата најскапи играчи во историјата на фудбалот, по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра).
Philippe Coutinho in Barcelona to seal £145m deal : Liverpool and Barcelona have agre.. https://t.co/oJpKa62GYS pic.twitter.com/RL1944Ca6K
— Premier Footy Update (@premlupdate) January 6, 2018