Top Sport

Сака ја предводеше Англија до лесна победа над Украина

Англиската фудбалска репрезентација стигна до втората победа во првите два меча од квалификациите за ЕУРО 2024, откако на „Вембли“ блесна ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака за 2:0 триумф над Украина во меч од нашата група Ц.

Сака прво во 37. минута од мечот имаше одлична асистенција до капитенот и рекорден стрелец за „трите лава“, Хери Кејн, за само три минути подоцна да постигне фантастичен гол од работ на шестнаесетникот.

Со ова Англичаните ја потврдија својата фаворитска улога во групата Ц, каде што вечерва Италија игра со Малта.

Во другите два меча од 18 часот, Словенија со 2:0 беше подобра од аутсајдерот Сан Марино, додека Исланд немаше милост за Лихтенштајн победувајќи со 7:0 на гости.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ, 2.КОЛО
ГРУПА Ц
Англија – Украина 2:0
ГРУПА Х
Словенија – Сан Марино 2:0
ГРУПА Ј
Лихтенштајн – Исланд 0:7

Scroll to Top