Рафаел Варан, еден од играчите на Реал во кои целосна доверба има тренерот Зинедин Зидан, се подготвувал да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Францускиот репрезентативец, ги шокирал клупските челници кога побарал трансфер, по завршувањето на сезоната.
„Лекип“ пишува дека Варан сакал нов предизвик во кариерата. Дефанзивецот, како анонимус, пристигна во Реал пред осум години од Ленс. Во кариерата има одиграно 268 натпревари за „кралскиот клуб“ и освои 16 трофеи.
Реал веќе донесоа замена за Варан, тоа е Бразилецот Едер Милитао за чии услуги на Порто ќе им платат 50 милиони евра.