Top Sport

Јокиќ ги сруши Селтикс, Вориорс паднаа во Сан Антонио (Видео)

Победата на Деневер Нагетс над Бостон Селтикс и поразот на Голден стејт Вориорс од Сан Антонио Спарс ги израмни овие два тима на челната позиција во Западната конференција, во НБА лигата. Во финишот на сезоната, на 13 натпревари до крајот, Денвер и Голден стејт имаат по 47 победи и 22 порази.

Сан Антонио во вистинско време влегоа во форма, против Вориорс ја забележаа деветтата победа во низа. Спарс триумфираа пред своите навивачи 111:105.

Спарс до победата ги предводеа Демар Дерозан со 26поени, 9скока и 8 асистенции, односно Ламаркус Олдриџ со 23 поени и 13 скока. Кај Вориорс најефикасни беа Стеф Кари со 25 поени, 7 скока, 8 асистенции и Кевин Дурент со 24 поени.

Деневер Нагетс, предводени од Никола Јокиќ, победија во Бостон 114:105. Со оваа победа Денвер и теоретски се пласираа во плејофот, каде последен пат играа во сезоната 2012/2013.

Јокиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 13 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади. Српскиот центар погоди два важни тројки, во финишот кога се решаваше победникот.

Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Кај Бостон најефикасен беше Кајри Ирвинг со 30 поени.

Двејн Вејд по завршувањето на сезоната ќе се пензионира, а во Оклахома покажа дека е класа иако има 37 години. Мајами Хит победија кај Оклахома 116:107. Вејд мечот го заврши со 25 поени, 4 скока и 5 асистенции. Поен повеќе за Мајами постигна Горан Драгиќ.

Окалхома ја предводеше Пол Џорџ со 31 поен и 9 скока.

Резултати:

Кливленд Квалирс-Детроит Пистонс 126:119
Вашингтон Визардс-Јута Џез 95:116
Торонто Репторс-Њујорк Никс 128:92
Далас Маверикс-Њу Орлеанс Пеликанс 125:129
Финикс Санс-Чикаго Булс 101:116
Портламд Трејлблејзерс-Индијана Пејсерс 106:98

Scroll to Top