Top Sport

Сакал да се одмазди, 21 годишник ги убил судијата Де Сантис и неговата девојка

Италијанската полиција во Лече го уапси осомничениот за двојното убиство. Минатата недела во домот на судијата Даниеле Де Сантис (30), полицијата го пронајде неговото и телото на неговата 30 годишна свршеница.

Убиецот е 21 годишниот Антонио Де Марко. Тој на 21 септември со повеќе од 60 убоди со нож ги искасапил Де Сантис и неговата свршеница. Де Марко, кој учел за медицински брат во болницата во Лече, на истражните органи им признал дека поради освета го убил судијата и неговата девојка.

„Желба за освета, чинија за послужување на студенило. Вистина е дека осветата не го решава проблемот, но неколку моменти се чувствувате задоволни“, напишал на Фејсбук, Де Марко, кога го подготвувал за грозоморното убиство.

Мотивот за убиството била одлуката на Де Сантис да го „исфрли“ од станот Де Марко кој ѝ бил цимер на Елеонора Манте. Де Сантис се решил на овој чекор бидејќи сакал да започне заеднички живот со својата свршеница.

Де Сантис судел на речиси 130 натпревари во Серија Ц и Серија Д.

Scroll to Top