Top Sport

„Сакам да го видам Меси како плаче по полуфиналето Бразил-Аргентина “

По дводневна пауза продолжува Светското првенство во Катар. Победниците во четвртфиналните натпревари. помеѓу Бразил-Хрватска и Аргентина-Холандија ќе се сретнат во полуфиналето.

Поранешниот бразилски напаѓач Фред, има желба Бразил во полуфиналето да игра против „вечниот ривал“, Аргентина. Тој смета дека „Селесао“ може да ја елиминира Аргетнина.

„Сакам да биде хаос, да има остри дуели, Нејмар да им ја турка топката низ нозете на играчите на Аргентина и да го видам Меси како плаче“, изјави неодамна пензионираниот Бразилец.

Фред за Бразил, постигна 18 гола на 39 натпревари. Тој играше на СП во 2014 година, беше актер на најголемиот пораз во историјата на репрезентацијата, кога Германија во полуфиналето го прегази „Селесао“ со 7:1.

Scroll to Top