Емилијано Сала загинал од повреди на главата и градите и морал да биде идентификуван преку отпечатоците на прстите, покажала аутопсијата на неговото тело во Дорсет, Велика Британија.
Сала, кој само што направи трансфер од Нант во Кардиф сити, леташе со пилотот Дејвид Иботсон кога нивниот авион падна во близината на Алдерни на 21 јануари. По потрагата организирана од семејството на Сала, беа пронајдени остатоци од авионот и телото на Сала на 4 февруари, додека телото на Иботсон уште не е пронајдено.
„Г-динот Сала беше идентификуван на 7 февруари преку отпечатоците на прсти со помош на експертот Кристофер Бредбјури. Аутопсијата беше направена во ’Холи три лоџ’ во Дорсет, а како причина за смртта се наведува повреди на главата и градите“, изјави Јан Пери, претставникот на мртовечницата во Дорсет.