Фудбалерите на Ливерпул победија во Хадерсфилд 1:0, во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. Со оваа победа Ливерпул повторно на челната позиција се израмни со Манчестер сити.
Единствениот гол на натпреварот во Хадерсфилд го постигна Мохамед Салах во 24.минута. Египќанецот ја искористи асистенцијата на Џердан Шаќири и со „послабата“ десна нога успеа да погоди. Ова беше прв гол на Салах по пауза од четири натпревари.
Ливерпул без Мане и Кеита не блескаше, а „вина“ за такво нешто имаат и домаќините кои му пружија достоен отпор на фаворитот и немаше да биде незаслужено доколку останеа непоразени.
Во 43. минута поради офсајд му беше поништен гол на Причард, потоа во второто полувреме Алисон одлично одбрани по обидот на Депоатр, а во финишот од изгледна позиција Мение шутираше над голот.