Top Sport

Салах и Шаќири лесно го „решија“ Фулам и го качија Ливерпул на првото место (видео)

Ливерпул стигна до рутинска 2:0 победа над фенерџијата Фулам за барем привремено да се искачат на првото место на Премиер лигата, пред големото дерби на Манчестер.

Со деветтата победа во 12 кола во англиската елита, „црвените“ на Јирген Клоп имаат 30 поени и се на првото место со поен пред Манчестер сити (29) и три поени пред Челси (со натпревар помалку) и Тотенхем.

Во малку контроверзен потег, додека протестираа фудбалерите на Фулам, следуваше акцијата на Салах во 41. минута кога беше поништен голот на Александар Митровиќ. Во супер-брза акција, Трент Александер-Арнолд да го најде Салах на половината на Фулам, кој со фантастичен спринт дојде до голот и го совлада Рико.

Супер-замената на Клоп, Џердан Шаќири на стартот на второто полувреме, во 47. минута ја потврди победата со прекрасен гол по нафрлањето на Робертсон.

Додека Ливерпул се на врвот, клубот на Славиша Јокановиќ, Фулам, кој лани успеа да се врати во Премиер лигата со победа во бараж, се на последното 20. место со само една победа и 5 освоени поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top