Top Sport

Салах им се приклучи на репрезентативните колеги

Најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, во Габон, им се приклучи на соиграчите од националниот тим. Информацијата ја потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Египет.

Салах, не настапи за Египет на 1.септември против Ангола, бидејќи земјата се наоѓа на британската црвена листа на мерки против коронавирусот.

Доколку се појавеше во Каиро, тој ќе мораше да мине десет дена во карантин по враќањето во Велика Британија.

Минатата година, во ноември, Салах беше на свадбата на својот брат, во Англија се врати со позитивен тест на коронавирусот.

Scroll to Top