Top Sport

Руиз се врати со победа – колку тепање во рингот, толку и на трибините

Поранешниот шампион во тешка категорија, Мексиканецот Енди Руиз Јуниор ја обезбеди првата победа по губењето на титулите од Ентони Џошуа, победувајќи го Крис Ареола во Лос Анџелес по 12 рунди, во меч одбележан со многу тепачки на публиката.

Руиз Јуниор, повеќе од 15 килограми послаб од претходниот меч со Џошуа, почна супер-брзо, но се најде на колена во втората рунда, кога 40-годишниот ветеран Ареола го „закачи“ со силен удар. По уште еден ваков опасен удар во третата рунда, 31-годишниот Руиз ја врати силата и енергијата и беше подобар во следните рунди, додека Ареола изгледаше уморно, за на крајот Мексиканецот да победи со 117:110, 118:109, 118:109.

„Победата е моја. Бев на најниско ниво кариерата и се вратив. Го направив тоа што беше потребно и му благодарам на Бога за тоа“, вели Руиз.

Се верува дека следен противник на Руиз би бил или Дионтеј Вајлдер или Луис Ортиз.

АКЦИЈА ОД МЕЧОТ

АКЦИЈА ОД ТРИБИНИТЕ

WCOStream anime: Watch Naruto Episode 141 (https://wcostream.cc/m/kEln/ep-141)

ANIMEFLIX banana fish animeflix: My Hero Academia 2 Episode 25

Scroll to Top