Ливерпул „гази“ на стартот на новата сезона, а во форма полека се враќа и Мохамед Салах по загриженоста на дел од навивачите. Во саботата, Салах конечно погоди во 3:0 победата на Саутемптон, по што му го разубави денот на еден млад навивач.
Откако го забележа момчето кое со транспарент стоеше и бараше дрес од него, Салах реши да му го даде својот дрес, а потоа со коментар се јави и таткото на малото дете: „Не можам да се заблагодарам. Ме расплака и мене и моето дете. Мојот син Луис нема да го заборави овој ден“.
@MoSalah I cannot thank you enough mo.. Brought my lad to tears (and me)…. These are moments in life that hold more value than i can explain.. A day my son Lewis will never forget @LFC pic.twitter.com/8h1h8z0ens
— Wayne dunlop (@BiggyAL1981) September 22, 2018