Top Sport

Плишкова стави крај на низата на Осака за титулата од Токио

Победничката низа на шампионката од САД опен, Наоми Осака заврши во неделата, кога Каролина Плишкова ја совлада со 6:4/6:4 во финалето на Пан пацифик опен во Токио.

Во првиот турнир по шокантниот триумф над Серена Вилијамс во финалето на Флешинг Медоуз на 8 септември, третата носителка немаше загубено сет на домашниот турнир, но тогаш налета на Плишкова, која во финалето стигна со три победи во три сета.

„Бев среќна што не игравме трет сет. Наоми играше толку добро, но мислам дека вечерва се умори“, изјави Плишкова.

20-годишната Осака почна одлично со два аса и го освои првиот гем, но Плишкова прва дојде до брејк за 3:2 водство. Јапонката ги загуби нервите кога го загуби и вториот брејк во деветтот гем од вториот сет, фрлајќи го рекетот. Осака пред две години загуби во финалето на истиот турнир од Каролине Вознијацки.

„Никогаш не сум бил поуморна во мојот живот. Да се игра во финалето на САД опен и потоа да се дојде бргу тука, мислам дека имав добар турнир“, изјави Осака.

Scroll to Top