Top Sport

Салах на насловната на магазинот „Тајм“

Мохамед Салах е единствениот фудбалер во листата на топ 100 највлијателни луѓе во 2019 година според угледниот магазин „Тајм“, иако на листата има голем број на спортски ѕвезди, како Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.

Британскиот комичар, кој е познат како огромен навивач на Ливерпул, Џон Оливер, го претстави Египќанецот во блескаво светло.

„Мо Салах е подобар човек отколку фудбалер. А тој е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тешко ќе најдете професионален спортист кој има помалку влијание од успехот и славата од Мо, што е неверојатно. Мо е препознатлива личност и легенда за Египќаните, момците од Ливерпул и муслиманите низ целиот свет и секогаш се претставува како скромен, умен и смешен човек кој не го сфаќа фудбалот пресериозно“, вели Оливер.

Насловната страница со Салах е дел од специјалната едиција со шест насловни и ќе биде достапна во продажба на 29 април.

Scroll to Top