Top Sport

Салах пак против египетската федерација

Мохамед Салах повторно влезе во борба со Египетската фудбалска федерација, која според него ги игнорира прашањата околу користењето на неговиот лик во комерцијални цели.

26-годишната ѕвезда на Ливерпул уште во април беше налутен откако неговиот лик беше користен за промоција на спонзорот на репрезентацијата, „ВЕ“, додека самиот тој има спонзорски договор со ривалската телеком компанија „Водафон“.

„Обично, фудбалската федерација треба да работи да ги решава проблемите на фудбалерите за тие да се чувствуваат пристојно. Но, гледаме дека работите се сосема поинакви кај нас. Не е нормално моите пораки да се игнорираат. Дали немате време да контактирате со нас?“, напиша Салах на Твитер.

Египетската фудбалска асоцијација (ЕФА) во изјава објави дека ќе му вратат на адвокатот на Салах, Рами Абас, со ветување дека прекршувањата нема да се повторат.

Салах ја продолжува „војната“ со египетската федерација, неговиот агент најавува бојкот

Scroll to Top